Ве известуваме дека на 29.03.2024 година Берзата изврши бришење на издавачот Жито Полог АД Тетово од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена понудата за преземање на друштвото од страна на преземачот Орка Холдинг АД Скопје.
Жито Полог АД Тетово беше внесен на 24.11.2023 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена намера за објавување понуда за преземање на друштвото од страна на Орка Холдинг АД Скопје.